Романо Центро од Австрија, заедно со РРОМА и партнерите
од Албанија, Бугарија, Германија, Полска, Романија, Србија, Унгарија, Чешка и
Шпанија ја организираат младинската конференција на тема анти-циганизам од 10ти
до 16ти Ноември во Виена, Австрија.
Целта е младите Ромски активисти да го зголемат своето
знаење и пристапот во борбата против расизмот; да превземаат
заеднички иницијативи, да учат едни од други и од експерти на кој начин да го
препознаваат расизмот во разни ситуации и области, и кои можности постојат да
се подигне свеста за истиот.
Како можете да учествувате на конференцијата?
- Да сте на возраст од 16 до 30 години;
- Познавањето на англискиот јазик е задолжително;
- Да се вклучени или биле вклучени во проекти кои што ја адресираат борбата на Ромите против расизмот и дискриминацијата;
- Да имате желба да учите и соработувате во мулти-културна средина;
- Да го потполните формуларот!
Формуларот го потполнувате со кликање на следниов линк: ФОРМУЛАР
Краен рок за пријавување е 22-ти Септември до 16.00 часот!!! Апликациите после предвидениот рок нема да се земаат во предвид!
Сите трошоци за конференцијата се покриени од страна на организаторите*!
*Доколку, бидете селектирани на вас останува задолжително да си извадите патничко осигурување, како и да си ги покриете трошоците до местото на поаѓање!
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС!