Не гледај од страна! Учествувај!

Monday, September 8, 2014

Повик за учесници на младинска размена "Inspire Youth Creativity"

РРОМА распишува повик за учество на младинска размена, која што се оддржува во Р.Македонија со поддршка на Ерасмус плус програмата и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ.


Целта на младинската размена е преку креативен хаос да се адресираат проблемите на младите, да се покаже доверба, меѓусебен дијалог и почит на младите од 7 земји (Македонија, Бугарија, Хрватска, Германија, Турција, Романија и Италија).

Младинската размена ќе се оддржи во Банско, Струмица почнувајќи од 22-ри до 31-ви Октомври 2014. Последните три дена од размената, младите ќе престојуваат во Кратово, каде што ќе ги презентираат резултатите од креативните работилници.

Можат да се пријават:

- млади Роми и не-Роми на возраст од 16 до 30 години;
- младински работници, волонтери, уметници...
- работен јазик е англиски и јазикот на креативноста :P

Би ве замолиле да се пријавите најдоцна до 3-ти Октомври (16.00 часот) кликајќи на линкот Апликација за Банско!

Сите трошоци поврзани со младинската размена се покриени од страна на организаторот!


ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС!