Од 25-ти до 30-ти септември во Скопје се оддржа работната средба во рамките на проектот „ИЛТА за млади“. На средбата учествуваа партнерите од Македонија, Чешка, Турција, Романија и Франција.
ИЛТА е стратегиско партнерство во рамките на Еразмус плус програмата и има за цел да истражува и да ги доживува активностите на младите луѓе во нивното слободно време. За време на средбата во Скопје, учесниците учестуваа во работилници за цртање на стрипови и креирање на свои маици преку стенсил-техника.
Најинтересната активност на средбата беше посета на Паинтбал арената во Драчево, како и дружење во кугланата БО-боулинг!
Наредната работна средба е предвидена на почетокот од 2016-та година во Турција. Проектот ИЛТА трае 21 месец и ќе заврши кон крајот на 2016-та година со конференција во Чешка.