Не гледај од страна! Учествувај!

Tuesday, October 27, 2015

Повик за учесници на младинска размена "Telo jek Kham! - Under the same sun!"

РРОМА распишува повик за учество на младинска размена, која што се оддржува во Р.Македонија со поддршка на Ерасмус плус програмата и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ.



Целта на младинската размена е преку употребата на креативни методи и алатки да се добијат повеќе информации за Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна и сето тоа да се претстави низ очите на младите учесници на 10-ти декември, меѓународниот ден на човековите права.
Исто така, преку креативен хаос да се покаже доверба, меѓусебен дијалог и почит на младите од 6 земји (Македонија, Германија, Турција, Романија, Шпанија и Италија).


Младинската размена ќе се оддржи во Хотел Кратис, Кратово почнувајќи од 04-ри до 12-ви декември 2015


Можат да се пријават:
- млади Роми и не-Роми на возраст од 16 до 30 години;
- младински работници, волонтери, уметници...
- работен јазик е англиски и јазикот на креативноста :P


Би ве замолиле да се пријавите најдоцна до 15-ти ноември (18.00 часот) кликајќи на линкот Апликација за Telo jek Kham!
Сите трошоци поврзани со младинската размена се покриени од страна на организаторот!


ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС!