На 07-ми и 08-ми јули во хотел Центар во Скопје се оддржа работен состанок за формирање на коалиција во рамките на проектот поддржан од Европската комисија „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“.
Линк до веста.
Линк до веста.
Проектот има за цел воспоставување
на конструктивен и систематски дијалог помеѓу локалните и националните
институции и Ромското граѓанско општество, со цел подобрување на политиките за
Ромите и нивната интеграција, социјална инклузија, не-дискриминација,
меѓу-етнички дијалог, социо-економски развој и граѓански права.
Ќе се реализира од 01.01.2016 година до 31.12.2019 година со поддршка на Европската Унија и Рома Актив Албанија како носител на проектот, и РРОМА како партнер за Македонија.
Другите специфични цели опфаќаат:
1. Зајакнување на професионалниот капацитет, легитимитет и отчетност на
(про) Ромски граѓански организации и подигнување на нивните капацитети за
долгорочно стратегиско планирање;
2. Подигнување на свеста за модели на Ромска
инклузија (патокази за надминување на социјалната ексклузија) и постигнување на
структурални промени во локалните политики, креирајќи стратегиски партнерства
со други граѓански организации, локални институции, општини и др. релевантни
институции;
3. Придонесување за поефективни политики и барање на отчетност на владите
во креирањето на политики, носење на одлуки и имплементација;
4. Јакнење на редовно вмрежување на (про) Ромски граѓански организации на
регионално и ЕУ ниво, како и
фасилитација на размената на знаење, вештини и контакти, и зголемување и ширење
на влијанието при водењето на кампањи и застапување.
Наредниот состанок е закажан во август 2016.
Проектот е поддржан од Европската Унија.