Рециклирањето на отпадот може да биде забавен и креативен процес! Учесниците на младинската размена „ReCreative use of waste“ тоа најдобро го знаат. Младинската размена се оддржаа во младинскиот камп Марабу-Милчовени, Романија од 04 август до 14 август 2016 година. РРОМА учествуваше со 5 учесници од Македонија!
Младинската размена ReCreative use of waste имаше за цел околу 40-тина млади од 6 Европски земји (Македонија, Романија, Шпанија, Словачка, Полска, Украина и Кипар) преку неформалното образование да ги споделат знаењата за важноста на рециклирањето, и влијанието што го има врз нашата животна средина, да се промовира креативното рециклирање и развојот на граѓанскиот дух. Се организираа работилници со (пластика, стакло, дрво). Сите овие активности беа насочени кон зголемување на културната свест на секој учесник со користење на уметноста и дизајн и како тие, тоа искуство да го пренесат во сопствената земја. Преку работилници за рециклирање, младите научија како од ништо да создадат нешто.