Во рамките на
проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско
општество на западен Балкан и Турција“ поддржан од Европската Унија во
рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300
имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата
Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација беа доделени 5 мали грантови
со цел поддршка на иницијативи и проекти на Ромски и про-Ромски граѓански
организации за зајакнување на улогата на Ромското граѓанско општество.
Од страна на Институтот за истражување и
анализа на политики – Ромалитико Скопје е изработен документ-сублимат
од спроведувањето на иницијативите и проектите кои ги имплементираа
организациите на кои Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација им
додели грантови (Романо Авази-Тетово, ЗМОЧП-Штип, ЦРЗ Дром-Куманово, Сумнал-Скопје и 24 Вакти).
Документот изработен од Ромалитико ги
сублимира само сите клучни наоди и нуди специфични препораки кон сите општествени
чинители кои работат за вклучување на Ромите во општеството. Исто така, во
документот може да ги најдете и главните цели на спроведените иницијативи и
проекти. Документот е поделен во пет области: домување, вработување, здравство,
образование и медиуми.
Целта на овој извештај е да се понудат дополнителни и алтернативни информации во различни области кои се важни за целосна интеграција на Ромите во македонското општество. Со други зборови, мрежата на цивилното општество составена од Ромски организации преку својата работа на терен идентификува дополнителни проблеми со кои Ромите се соочуваат на локално и национално ниво, но и нуди информации и алтернативни решенија за истите. Сметаме дека ваквите извештаи би придонеле за сеопфатен пристап при креирањето на политики кои имаат за цел да придонесат за интеграција на Ромите.
Со почит,
Коалиција на Ромски НВО-и во рамките на проектот„Заедничка
иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и
Турција“
Проектот е поддржан од Европската Унија.