Од 12 до 18 јуни 2017 година во Берлин, се оддржа втората мобилност во рамките на проектот„Good practices of Roma Youth Empowerment for Active Citizenship“ кој што е поддржан од програмата Еразмус плус на Европската комисија (2016-2-DE04-KA205-014322). Проектот е дел од билатералното стратегиско партнерство помеѓу Амаро Форо од Берлин и РРОМА од Кратово.
Стратегиско партнерство во рамките на Еразмус плус програмата |
Младите учесници втората средба ја започнаа со временска линија и дадоа осврт на тоа што се случуваше од март до јуни во нивните животи. А, низ практичните работилници се потсетија на концептите за идентитет и граѓанство, дискриминација, антициганизам и споделуваа свои искуства и мислење.
Временска линија за споделување |
Потсетување за Антициганизам |
Исто така, учесниците имаа можност да слушнат за застапување, демократија, младинското учество, младинска работа и интеркултурниот дијалог. Последниот ден беа посетени од страна на националната агенција и дознаа повеќе за алатката Youthpass и развивањето на своите компетенции како дел од процесот на учење во рамките на Еразмус плус програмата.
Учесници креираа свои супер-херои кои што добиваа секојдневно нови моќи! |
Учесниците беа креативни во своите презентации |
Ова билатерално партнерство со Амаро Форо од Берлин има за цел да го зголеми учеството на младите Роми во европските образовни програми и мобилности, како и во неформалното образование. Проектот ќе им овозможи на учесниците да научат, споделат и разменат искуства од областа на неформалното образование, но и да зајакнат како активни граѓани во борбата против расизмот, ксенофобијата и антициганизмот во модерните општества.
Фотографии од втората мобилност: