Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово објавува повик за младинската размена Roma Reporters која што се оддржува од 4 до 13 август 2017 година во Káptalanfüred, во близина на езерото Балатон, Унгарија.
Младинската размена е дел од партнерството помеѓу РРОМА од Македонија, Közös Esély Egyesület од Унгарија и Nevo Parudimos од Романија, поддржано од Еразмус плус програмата и локалната власт на Киспест во Капталанфиред. Предвидено е учество да земаат 54 учесници од горенаведените земји.
Оваа 10 дневна младинска размена има за цел да им овозможи на младите учесници да истражуваат за Ромската култура, историја и уметност, со посебен акцент на визуелните уметности. Младинската размена ќе се базира на методологија на не-формално образование, работа во групи, интеркултурно учење, симулации итн. Учесниците ќе се стекнат со вештини од областа на филмот, филмската продукција, како да прават извештаи и интервјуа и ќе работат со младите професионалци на DIKH TV http://www.dikhtv.hu/
Ќе имаме два профила на учесници, каде што во вториот профил ќе се бара лидери/ки на групата.
Профил на учесници
- млади Роми и не-Роми од 18 до 25 години ученици и студенти
- млади кои што не се во образование, работа или обука (NEET - Not in education, employment or training);
- предност ќе имаат младите на кои што овој проект ќе им биде прво Еразмус плус искуство;
- да имаат желба да споделуваат знаење и работат во групи;
- да работат во мулти-културна средина, без предрасуди;
- да комуницираат на англиски или Ромски/македонски јазик!
- да имаат валиден пасош за патување, со минимум 6 месеци валидност откако ќе се вратат од Унгарија!
Профил на лидер/ка на група
- млади Роми и не-Роми од 25 до 28 години;
- да имаат искуство во младинска работа;
- да и помагаат на групата;
- да имаат желба да споделуваат знаење и работат во групи;
- да работат во мулти-културна средина, без предрасуди;
- да комуницираат на англиски или Ромски/македонски јазик!
- да имаат валиден пасош за патување, со минимум 6 месеци валидност откако ќе се вратат од Унгарија!
Трошоци:
Учесниците ќе бидат сместени во бараките на младинскиот камп во близина на езерото Балатон http://kaptalanfured.kispest.hu/
Патувањето на учесниците ќе биде организирано од страна на РРОМА со мини-бус.
Пријавување:
Можете да се пријавите како учесник/чка или лидер/ка на група со потполнување на една од пријавите дадени подолу. Краениот рок за потполнување на апликациите е 14 јули 2017 година, 18.00 часот!
Апликација за учесници
Апликација за лидер/ка
Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување и да ги покриете трошоците до договореното место на поаѓање. Исто така, доколку бидете селектирани и бидат направени трошоци за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете истите!
- трошоците за патување, храна и сместување се покриени од страна на организаторите;
- трошоците за патничко осигурување се на товар на учесниците!
Учесниците ќе бидат сместени во бараките на младинскиот камп во близина на езерото Балатон http://kaptalanfured.kispest.hu/
Патувањето на учесниците ќе биде организирано од страна на РРОМА со мини-бус.
Пријавување:
Можете да се пријавите како учесник/чка или лидер/ка на група со потполнување на една од пријавите дадени подолу. Краениот рок за потполнување на апликациите е 14 јули 2017 година, 18.00 часот!
Апликација за учесници
Апликација за лидер/ка
Напомена: Со потполнување на формуларот вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување и да ги покриете трошоците до договореното место на поаѓање. Исто така, доколку бидете селектирани и бидат направени трошоци за вас, а потоа се откажете, се обврзувате на одговорност да ги покриете истите!
ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС! |