Не гледај од страна! Учествувај!

Monday, December 20, 2010

КОНКУРС за доделување на стипендии за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година


Следната информација е добиена од страна на Министерството за Образование и Наука на РМ, РРОМА како здружение врши само понатамошно дистрибуирање на истата:


"КОНКУРС за доделување на стипендии за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2010/2011 година

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (Службен весник на Република Македонија бр.58/00, 44/02 и 82/08) и член 54 од Законот за ученичкиот стандард (Службен весник на Република Македонија бр.52/05 и 117/08)и Решение бр. 23 – 9604/1 од 07.12.2010, Министерството за образование и наука, распишува
КОНКУРС
за доделување на стипендии за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2010/2011 година
Министерството за образование и наука со финансиска поддршка од Ромскиот образовен фонд од Будимпешта за учебната 2010/2011 година ќе додели 700 (седумстотини) стипендии за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија.
I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија, а ги исполнуваат следните конкурсни услови:
  1. да се редовни ученици запишани во прва, втора, трета или четврта година во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија во учебната 2010/2011 година;
  2. да имаат постигнат успех од најмалку 3.00 во претходната учебна година;
  3. да не повторувале година во текот на нивното образование (претходната учебна година);
  4. да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
  5. да се припадници на Ромската заедница;
  6. да се државјани на Република Македонија.
Критериуми за доделување на стипендија се постигнат успех од најмалку 3.00 во претходната учебна година и да се припадници на Ромската заедница.
II. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Учениците кои се пријавуваат по конкурсот, потребно е до Министерството за образование и наука/Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, ул. Мито Хаџи – Василев Јасмин бб – Скопје, најдоцна до 31.12.2010 година да ги достават следните документи:
  1. Оригинална пријава за стипендирање на средношколци Роми ;
  2. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2010/2011 година;
  3. Заверена фотокопија кај нотар од свидетелство од претходната година на школување;
  4. Изјава дека кандидатот не е корисник на друга стипендија ;
  5. Изјава дека кандидатот е припадник на ромската етничка заедница ;
  6. Копија од државјанство на Република Македонија.
  7. Трансакциска сметка на име на ученикот од следните банки: Комерцијална Банка, Стопанска Банка А.Д. Скопје и НЛБ Тутунска Банка.
Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се рангираат.
III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА
Висината на стипендијата наведена подоле се однесува на две категории: првата категорија за ученици кои покажуваат многу добри и одлични резултати и втората категорија за ученици кои покажуваат добри резултати.
1. Висината на стипендијата ќе изнесува 2.200,00 денари месечно за девет месеци за учениците кои постигнале просек од 3.50 до 5.00 во текот на учебната 2009/10 година.
2. Висината на стипендијата ќе изнесува 1.500,00 денари месечно за девет месеци за учениците кои постигнале просек од 3.00 до 3.49 во текот на учебната 2009/10 година.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА"