На 4-ти и 5-ти Декември во Велес се одржа работилницата со наслов „Лидерство преку креативни методи“. И оваа работилница беше дел од мини-проектите на РРОМА.
Фасилитатори на оваа работилница беа младите од Велес и Берово. Целната група има беа младите од Велес, без разлика на националната припадност. Бидејќи работилницата беше поделена на два дела, на учесниците им беше дадена можноста да се дружат два дена по меѓу себе и да научат нешто повеќе за лидерство, какви лидери постојат, што значи моќта на лидерот. Но, не само тоа, нивната креативност беше исто така предизвикувана од страна на фасилитаторите во креативните игри во кои што мораа да градат кули, да направат потрети, да имитираат предмети, геометриски фигури итн.
Уште еднаш навистина убава и добро осмислена работилница од страна на нашите членови.
Уживајте во сликите!