"Македонските граѓани или не ја препознаваат дискриминацијата или не сметаат дека некој може да ги заштити нивните права. На ова упатува заклучокот дека мината година до Народниот правобранител стигнале само 20 претставки за дискриминација по оваа основа. За таа цел, потребно е да се зголеми соработката на Народниот правобранител и граѓанскиот сектор со надлежните институции, но и да се преземат конкретни мерки таа не само да се констатира туку таа да се санира.
Ова се дел од ставовите на учесниците на денешната тркалезна маса на тема „Унапредување на соработката со централната власт и локалната самоуправа со Народниот правобранител“, во организација на оваа институција.
Народниот правобраните Иџет Мемети смета дека граѓаните недоволно ја препознаваат дискриминацијата или доколку ја препознаат немаат доволно храброст да побараат заштита, поради што, вели, потребно е и зголемување на јавната свест за овој проблем.
Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами смета дека Комисијата за заштита од дискриминација, кој согласно Законот, треба да почне да функционира наредната година во голем дек ќе помогне да се надминат ваквите состојби.
- Составот на Комисијата е избран на конкурс кој неодамна заврши. Се надеваме дека од наредната година граѓаните кои на било каков начин ќе се почуствуваат дискриминирани да се обратат до Комисијата бидејќи таа ќе ги процесуира сите претставки и ќе им укажува на институциите, државните органи но и на приватниот сектор да постапат по нејзино укажување, рече Бајрами додавајќи дека во спротивно, Комисијата ќе и помага на странката во барањето на судската заштита.
Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур Маргарита Цаца Николовска, смета дека за унапредување и заштита од дискриминација добро е што се размислува да се преземат искуставата од оваа европска институција во постапките на правобранителот, во судските постапки или во постапките пред други органи кои го допираат прашањето за дискриминација."
Извор: ШПИЦ Следствено нагоре напишаното РРОМА сака да се наврати на некои податоци и сподели некои информации од едно мало истражување во Ромските заедници направено 2009 година. Интересно беше во оваа истражување и покрај тоа што на граѓаните им беше посочена дефиниција за дискриминација, многумина од нив не ја воопшти и препознаваа како таква. Дискриминација - истражување 2009 Анкети | # Прегледани | Добиени | Можни | Вкупно | | |
|
|
|
| | Berovo | 35 | 39 | 210 | 0.186 | | Shutka-Topaana | 51 | 31 | 306 | 0.101 | | Kochani | 26 | 18 | 156 | 0.115 | | Probostip | 45 | 52 | 270 | 0.193 | | Kratovo | 12 | 8 | 72 | 0.111 | | Вкупно | 169 | 148 | 1014 | 0.146 | |
Евалуацијата на анкетните прашалници се базираше на систем на давање поени. Прашањата кои беа бодувани: 1. Дали знаете што значи терминот „дискриминација“? Да или Не *Ако да, дадете ваша дефиниција 2. Што претставува дискриминацијата за вас? A: Општеството против Ромите B: Мнозинството против малцинството C: Немање на права D: Третман или мислење изградено врз основа на класа или категорија, отколку индивидуалните доблести; пристрасност или предрасуди 3. Дали сметате дека дискриминацијата постои во институционалните системи на Република Македонија? Да или Не *Ако да, ве молиме, објаснете во кои институции (системи) и на кој начин тие дискриминираат? 4. Дали постојат закони кои што не заштитуваат од дискриминацијата? Да или Не *Ако да, наведете еден закон* 5. Дали постојат закони кои што ја промовираат дискриминацијата? Да или Не *Ако да, наведете еден закон* 6. Дали сметате дека имате соодветни претставници за да се запрат дискриминаторските навики? Да или Не *Ако да, кои се тие? Ако не, како би вие постигнале соодветно претставување? * |