Не гледај од страна! Учествувај!

Monday, October 7, 2013

Повик за интернационален семинар во Полска!

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на интернационалниот семинар “ Meet! Share! Improve! Come together for Roma Youth”  кој што ќе се оддржува во Вроцлав(Полска) од 07-ми до 12-ти Ноември 2013 година. Семинарот ги опфаќа темите за младинското исклучување и дискриминација поради одредена етничка припадност и потрагата по работа на пазарот на трудот. 


Tuesday, September 10, 2013

Повик за учество на обука во Кошице-Словачка

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на интернационалната обука "Take Action!", која што ќе се оддржува во Кошице од 26-ти Септември до 5-ти Октомври 2013 година. Обуката има за цел да ги зајакни капацитетите и лидерските вештини кај младинските лидери и младински работници кои што работат во областа на интеркултуралниот дијалог.




Sunday, July 28, 2013

Гледај и не заборавај го Ромскиот холокауст!

На 2 август млади Европејци, меѓу кои и учесници од Македонија, во Краков и во Аушвиц ќе го одбележат денот на сеќавањето на геноцидот на Ромите. Целта на оваа иницијатива е да се привлече вниманието на јавноста и да се иницира признавање на денот како погуба на Ромите. Досега овој ден го призна само полската влада.
Младите учесници од различни етнички заедници претходно преку различни работилници за драма, стрипови, музика и графити се подготвуваат за главниот настан. Преку претставата „Гледај и не заборавај“ во режија на Неџо Осман, ќе биде прикажана скратена верзија од претстава за вистинска животна приказна за германска Ромка која го преживеала Холокаустот. Автор на текстот е Михаил Краишник.

Wednesday, July 10, 2013

Повик за учество на младинска размена во Турција

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на младинска размена во Кочаели, Турција под наслов „ Let's get together against racism!" Размената има за цел на креативен начин да ги запознае учесниците со проблемите на дискриминација и расизам, но во исто време да им понуди алатки со кои можат да ги адресираат и се борат против разните стереотипи и предрасуди.



Monday, July 1, 2013

Основање на Национален младински совет на Република Македонија


На 29-ти јуни во Струга беше основан Националниот младински совет на Македонија. Советот е основан од страна на 55 организации (младински организации, организации за млади, сојузи и подмладоци на политички партии. Како што истакна Претседателката на Националниот младински совет на Македонија, Ивана Давидовска неговата мисија е да да ги претставува интересите и потребите на младите луѓе како врска со сите чинители и да обезбеди вклучување и активно учество на младите во процесот на донесување одлуки на секое ниво.

Повик за учество на проект за комеморација на Ромскиот геноцид

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на проектот „Pravde Jakenca“ (со отворени очи). Проектот има за цел на креативен начин да ги запознае учесниците со ужасите на втората светска војна, со посебен акцент на Ромскиот геноцид преку театар, употреба на новите социјални медиуми, цртање на графити и стрипови, како и посета на КЛ „Аушвиц“ и учество на интернационалната младинска конференција на ternYpe-international Roma youth network „DIK I NA BISTAR!“ во Краков, Полска.

Monday, April 8, 2013

„Раскажува М., а црта Д.“


„Раскажува М., а црта Д.“ - кратко стрипче направено од страна на Мустафа Јакупов и Димитриј Михајловски со цел да ве насмее, но и да ве натера да се замислите. Искрено, се надеваме на тоа дека ќе повеќето од луѓето ќе ги надминат сопствените бариери, а со тоа да престане дискриминацијата врз основ на раса, етничка припадност, боја на кожа, потекло, пол или по било кој основ.
Нека ни е честит 8-ми Април, светскиот ден на Ромите!

Wednesday, March 27, 2013

Повик за учество на стрип работилница


Во рамките на кампањата „Сидата не знае да дискриминира ... Заштити се!“ финансирана од MTV Staying Alive Foundation, Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува Повик за учество на стрип работилница

Tuesday, March 26, 2013

"МОЈАТА ПРИКАЗНА, МОИТЕ ПРАВА" НОВ ROMAREACT НАТПРЕВАР

Ги повикуваме сите млади Роми да ги споделат своите приказни низ слики преку RomaReact платформата! Ајде момчиња и девојчиња, споделете ја информацијата со вашите пријатели!
Учествувај, натпреварувај се, победи, оди во Брисел, кажи ја својата приказна и нека се слушне твојот глас! Ако сте го пропуштиле првиот натпревар, тогаш ова е вашата втора шанса ;)
За да победите, следете ги трите едноставни чекори:
  • Илустрирајте ја својата приказна со една слика (слика, цртеж или стрип) или со приказна (една приказна раскажана со максимум 6 слики).
  • Уплоадирајте ја на RomaReact платформата или испратете ни ја преку е-мејл, ако немате пристап до интернет можете да ни ги испратите вашите приказни по пошта.
  • Чекајте ги резултатите. Ако победите, ќе се видиме во Брисел во јуни 2013 година!

Annual Assembly in Kratovo

The Regional Roma Educational Youth Association had its annual general assembly in Kratovo. On the 14-th of March 2013, the members of the Assembly had the opportunity to discuss the plans for 2013, adopt the narrative and financial report for 2012, as well to discuss possible projects and partnerships. The accent of this year's plans in to concentrate on the successfully implementation of the IPA women empowerment project "Our place, Our space, Our case!"; to organize the ternYpe GA in Fall 2013, commemorate the Roma Genocide, participate in various youth projects from the Youth in Action programme, as well to continue working as National Contact point for the Youth in Action Programme in Macedonia. RROMA is also continuing working on the awareness campaign "AIDS doesn't know about discrimination ... Protect yourself!" regarding HIV/AIDS in new communities.


The GA voted and accepted the Narrative and Financial report for 2012, as well the working program for 2013.


Friday, March 8, 2013

Продолжува кампањата „ Нашето место, нашиот простор, нашиот случај“


Продолжува кампањата за зајакнување на Ромската жена во општеството спроведена од Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација со наслов „ Нашето место, нашиот простор, нашиот случај“.

Базирајќи се на својот пристап на креативно истражување со употреба на веб 2.0 алатки, РРОМА ќе се концентрира на истражувања кои ќе ги опфатат општините Кочани, Виница, Велес, Штип, Берово, Пехчево со Црник. Истражувањата ќе имаат за цел да ја мониторираат вклученоста и правичната застапеност на жените во избирачкиот процес, паралелно со тоа и да ја истражуваат улогата на локалните комисии за еднаквост помеѓу мажите и жените за заштита од дискриминација базирана на полова и етничка припадност.


Базирајќи се на идејата на агентките на промена и девојките кои што беа вклучени во претходното истражување, РРОМА ќе собира и обработува стари Ромски детски приказни и песни. Колекцијата на приказни и песни ќе биде објавена и понудена на локалните библиотеки во регионот и пошироко.

Паралелно со активностите на кампањата, ќе се спроведуваат активности за промовирање на он-лајн платформата Romareact.mk.

Официјално кампањата започна на 1.Јуни, 2012 во Брисел, каде што младите Ромки од Македонија заедно со останатите партнери имаа средби и активности со личности од Европските институции.

Tuesday, February 19, 2013

Итен повик: Да се запре падот на Ромското граѓанско општество

Итен повик: Да се запре падот на Ромското граѓанско општество

Со ова, ние долупотпишаните, ја повикуваме Европската комисија, донаторите и заинтересираните страни кои се вклучени во инклузија на Ромите да ги преземат потребните мерки за да се осигура дека политиките на ЕУ, финансираните приоритети и проекти ја исполнуваат целта на помагање, Ромите да станат рамноправни граѓани на Европа.