Не гледај од страна! Учествувај!

Thursday, August 27, 2015

Оддржана презентација на резултатите од проектот за младинско претприемништво

На 26-ти август 2015 година во просториите на хотел Кратис, Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација оддржа настан за презентирање на постигнатите резултати од проектот „Меѓусебниот однос помеѓу правата на малцинствата и претприемништвото кај младата Ромска популација и неговото влијание врз активното граѓанство“.

На настанот присуствуваа младите истражувачи-Роми од општините вклучени во проектот, претставници од мрежата за поддршка на млади претприемачи, претставници од локалните невладини организации. 

Проектните активности беа насочени кон откривање на меѓусебниот однос на претприемништвото и активното граѓанство со фокус врз младата Ромска популација од 5 општини (Кратово, Крива Паланка, Берово, Виница и Кочани) и истражување до која мера вработувањето/невработеноста кај младата Ромска популација влијае врз нивната мотивација за учество во општеството, како и дали дискриминацијата влијае врз развојот на претприемништвото меѓу оваа популација.

Методологијата и наодите од истражувањата, односно квантитативните и квалитативните податоци беа презентирани од страна на претставниците на РРОМА. Воедно беше промовирана публикација која што ги соддржи сите резултати и препораки од проектот. Исто така, на младите истражувачи-Роми им беа доделени сертификати за нивното учество во проектните активности.


Проектот на РРОМА е еден од деветте проекти на граѓанските организации кои беа финансирани со фондови од Европската Унија, преку проектот Мрежа за поддршка на млади претприемачи.









Мрежа за поддршка на млади претприемачи е проект финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија преку програмата ИПА - Инструмент за граѓанско општество (CSF) 2012-2013.

muce10's Kratovo_pretpriemnistvoAvgust album on Photobucket