Не гледај од страна! Учествувај!

Saturday, September 10, 2016

Повик за учество на завршната конференција од ИЛТА проектот во Злин

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово објавува повик за учесници на завршната конференција во Злин, дел од стратегиското партнерство на РРОМА во рамките на проектот „ИЛТА-Иновативни слободни активности за млади“ поддржан од Еразмус плус програмата.
Завршната конференција се оддржува во Злин (Чешка) во период од 21-23.10.2016 година. На самата конференција ќе бидат презентирани резултатите и методологијата креирана во рамките на проектот. Проектот имаше за цел да ги истражува слободните активности кај младите и понуди свои креативни видувања и решенија. Исто така, учесниците ќе имаат можност да учествуваат во работилниците организирани од партнерите на проектот од 5 европски земји (Македонија, Чешка, Турција, Франција и Романија). Работилниците имаат за цел да ги запознаат учесниците со алатките и методите на работа во рамките на проектот.
Можат да се пријават сите заинтересирани:
- Младински работници, лидери, волонтери и др.;
- На возраст од 18-35 години;
- Да имаат познавање на англискиот јазик, бидејќи е работен јазик на конференцијата;
- Да немаат никакви предрасуди за работа во мулти-културна средина;
- Активно учествуваат во работилниците и работните групи.
Организаторите ги покриваат трошоците за храна и сместување, и организираат автобуски превоз од Македонија до Злин (Чешка) и назад.
Доколку, бидете селектирани на вас останува задолжително да си извадите патничко осигурување и да си го покриете патот до договореното место за поаѓање и назад!

Пријавување за конференцијата се врши со потполнување на апликацијата, најдоцна до 19 септември, 16 часот! Апликациите после предвидениот рок нема да се земаат во предвид.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС!