РРОМА започна со реализација на проектот „YEA - Youth Employment Action“ со поддршка на Ерасмус плус програмата и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ.
Целта на проектот е проблемот со младинското вработување да го адресира од двете страни истовремено, имено:
- институционалната страна: за да го подобри искуството и знаењето на младинските работници, социјални работници и друг вид на работници кои што работат со млади во областа на вработувањето и кариерното советување;
- корисничката страна: да даде можност на младите да откријат што значи да имаат одредена кариера, да им помогне при нивниот избор на рана возраст (14-19 години), и истовремено да им помогне при интервјуата за да можат да ги прикажат своите компетенции во најдобро светло (20-30 години).
Проектот опфаќа повеќе активности, меѓу кои една обука во Македонија и две младински размени во Романија и посета на кариерни центри и институции како добри практики во областа на младинското вработување.
Исто така, преку проектот ќе се гради доверба, меѓусебен дијалог и почит на младите од 10 европски земји (Македонија, Германија, Турција, Романија, Шпанија, Италија, Франција, Чешка, Унгарија и Бугарија).
Првата активност од проектот во вид на меѓународна обука се реализираше во Хотел Кратис, Кратово почнувајќи од 25 август до 1 септември 2016. Учесниците на обуката имаа можност да се запознаат со европските политики за младинско вработување, платформата ЕУРЕС, како и подготовка на мотивациони писма и CV. Во исто време, учеа како да фасилитираат дискусија во група и што значи лидерство, бидејќи поголемиот дел од учесниците ќе бидат лидери на двете младински размени кои што ќе се оддрржуваат во Романија. Младите добија информации за Еразмус плус и се стекнаа со youthpass.