Од 02 до 04 септември 2016 година во хотел Кратис во Кратово се оддржа вториот работен состанок за формирање на коалиција во рамките на проектот поддржан од Европската комисија „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“.
На состанокот беа дефинирани насоките на дејствување и динамиката за акција на коалицијата. Следуваше потпишување на меморандумот за соработка помеѓу организациите-основачи на коалицијата (РРОМА; ЦРЗ ДРОМ; СУМНАЛ; ЗМОЧП; 24 ВАКТИ и РОМАНО АВАЗИ). Исто така, на состанокот беа презентирани проектите од повикот за мали грантови и беа потпишани договорите за грант. Вкупно беа доделени 5 мали грантови во вкупен износ од 461.250 денари. Повеќе информации за состанокот на линкот и видеото:
Проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ има за цел воспоставување на конструктивен и систематски дијалог помеѓу локалните и националните институции и Ромското граѓанско општество, со цел подобрување на политиките за Ромите и нивната интеграција, социјална инклузија, не-дискриминација, меѓу-етнички дијалог, социо-економски развој и граѓански права.

Ќе се реализира од 01.01.2016 година до 31.12.2019 година со поддршка на Европската Унија и Рома Актив Албанија како носител на проектот, и РРОМА како партнер за Македонија.
Другите специфични цели опфаќаат:
1. Зајакнување на професионалниот капацитет, легитимитет и отчетност на (про) Ромски граѓански организации и подигнување на нивните капацитети за долгорочно стратегиско планирање;
2. Подигнување на свеста за модели на Ромска инклузија (патокази за надминување на социјалната ексклузија) и постигнување на структурални промени во локалните политики, креирајќи стратегиски партнерства со други граѓански организации, локални институции, општини и др. релевантни институции;
3. Придонесување за поефективни политики и барање на отчетност на владите во креирањето на политики, носење на одлуки и имплементација;
4. Јакнење на редовно вмрежување на (про) Ромски граѓански организации на регионално и ЕУ ниво, како и фасилитација на размената на знаење, вештини и контакти, и зголемување и ширење на влијанието при водењето на кампањи и застапување.
Наредниот состанок е закажан во август 2016.
Проектот е поддржан од Европската Унија.