Тренингот Маке your way се одржа од 02-ри до 09-ти мај во Сирт-Турција. Тренер беше Матеј
Шишмановиќ. На семинарот учество зедоа вкупно 6 земји; Македонија, Турција,
Полска, Романија, Бугарија и Хрватска.
Обуката вклучуваше 7 работни дена на кои учесниците имаа можност повеќе да се запознаат со многу различни теми
поврзани со бизнис и претприемништво. Начинот на одвивањето на обуката се
карактеризираше со работа во групи, преку учење низ искуствата
на самите учесници како и пренесување на знаењето на тренерот преку потреба на
неколку алатки; како што се презентации, посета на различни
локациии и слично.
На крајот од самата обука следеше и официјално затварање на настанот со доделување на
сертификати за учество, како и можност на учесниците да искажат свои импресии
од семинарот.