„Меѓусебниот однос помеѓу правата на малцинствата и
претприемништвото кај младата Ромска популација и неговото влијание врз
активното граѓанство“ се вика проектот на Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово. Проектот е дел од проектот „Мрежа за поддршка на млади претприемачи“ финансиран
од Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија преку програмата ИПА
- Инструмент за граѓанско општество (CSF) 2012-2013 и се имплементира од страна
на Фондација за Претприемачки Сервис за Млади, Фондација за Менаџмент и
индустриско истражување, Националниот центар за развој на иновациите и
претприемачкото учење, Здружение на работодавачи Скопје и Алијанса на млади
претприемачи од Европската Унија. Целта на проектот е јакнење на капацитетите на
граѓанските организации кои работат на социо-економско јакнење на младите
заради зголемување на нивното влијание врз политиките и програмите за
поттикнување на младинско претприемништво.
Можните прашања за истражувањето ќе дават увид и за тоа:
- До која мера влијае младинската невработеност на активното граѓанство;
- Кои се меѓусебните разидувања и врски помеѓу еднаквите права на сите граѓани, вработување и активното граѓанство;
- Како може да се зајакне активното граѓанство кај малцинските заедници преку вработување или претприемништво.
Резултатите од истражувањето ќе бидат презентирани на
национална конференција на која што ќе бидат поканети претставници од
релевантните владини институции, граѓанскиот сектор, образовни институции и
бизнис секторот.
РРОМА започна со своите активности, организирајќи информативни средби со млади Роми во Ромските заедници за промовирање на проектот и мотивирање за вклучување во истиот. По информативните средби, 20 млади Роми ќе бидат поканети за учество на работен состанок на кои што ќе ги дефинираат методите и начинот на прибирање на податоците.
Националната конференција ќе се оддржува кон крајот на август 2015 година. Со овој проект, официјално започнува новата тематска насока на РРОМА, фокусирајќи се на младинското претприемништво и вработување помеѓу младата Ромска популација.