Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација започна со своите активности во рамките на проектот „Меѓусебниот однос помеѓу правата на малцинствата и претприемништвото кај младата Ромска популација и неговото влијание врз активното граѓанство“, кои што ќе бидат реализирани до крајот на август 2015 година.
Активностите започнаа со реализирање на информативни средби помеѓу младите Роми, претставници од локалната самоуправа и РРОМА. Целта на средбите е запознавање на присутните со проектните активности, како и нивната имплементација.
Првата информативна средба се оддржа на 26-ти мај во Кочани на која што присуствуваа младите од Ромската заедница во Кочани, како и претседателот на советот на општина Кочани г-дин Јордан Димитров, кој што е и магистер за економски науки. На средбата говореа претседалот на советот на општина Кочани, укажувајќи на тоа дека општина Кочани во целост ќе го поддржи проектот, за потоа да следи презентација од страна на Мустафа Јакупов од РРОМА. Покрај презентацијата од страна на РРОМА, следеше и дискусија за тоа што претставува претприемништвото, каква е состојбата на локално ниво кај младите Роми, колку млади Роми претприемачи има во нивната општина итн.
Втората информативна средба се оддржа на 27-ми мај во просториите на општина Берово. На средбата присуствуваа младите од Ромската заедница во Берово и референтот за односи со малцинските заедници. И на оваа средба се дискутираше за ситуацијата на локално ниво и што конкретно ќе се истражува во рамките на проектот, како и за тоа дали доколку, се почитуваат правата на Ромите како малцинство и граѓани, дали тие би биле похрабри и би инвестирале во свои бизниси.
Во просториите на општина Виница се оддржа третата информативна средба, на која покрај младите Роми, беше присутен референтот за односи со малцинските заедници г-дин Демир Османов. Покрај презентацијата на проектот следеше интересна дискусија за тоа кои се причините за да
има/нема повеќе Ромски бизниси и дали се дискриминираат
Ромските претприемачи.
Следните информативни средби се во Кратово и Крива Паланка. По инфо-средбите, РРОМА ќе организира работен состанок на кои што ќе бидат поканети 20 млади-истражувачи, кои што ќе бидат изберени од повикот за млади истражувачи. Нивната цел ќе биде да го предводат истражувањето во рамките на проектот.
Проектот на РРОМА е дел од проектот „Мрежа за поддршка на млади претприемачи“ финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија преку програмата ИПА - Инструмент за граѓанско општество (CSF) 2012-2013.