Не гледај од страна! Учествувај!

Friday, May 29, 2015

Повик за млади Роми-истражувачи

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација распишува повик за избор на млади Роми-истражувачи во рамките на проектот Меѓусебниот однос помеѓу правата на малцинствата и претприемништвото кај младата Ромска популација и неговото влијание врз активното граѓанство“.


Критериуми за пријавување:

- да сте на возраст од 15 до 30 години;

- да живеете во општините Кратово, Крива Паланка, Берово, Виница и Кочани;

- да посветите дел од своето време за истражување на своите заедници во периодот Јуни-Јули 2015 година;

- да бидете слободни за присуствување на дводневниот работен состанок во Кратово (во период помеѓу 7-ти и 8-ми јуни);

- да работите во локален тим;

- навреме да испраќате податоци за текот на истражувањето;

- да учите нови работи од областа на младинското претприемништво и;

- да присуствувате на завршната конференција во рамките на проектот кон крајот на август 2015 година.

РРОМА ви нуди една извонредна можност да учите, истражувате и добиете симболичен надоместок за вашиот труд, како и впишување на вашето име и презиме како млад Ромски истражувач во финалната публикација на проектот.

Краен рок за пријавување е 03-ти јуни 2015 година, најдоцна до 16.00 часот. Пријавите после тоа, нема да се земат во предвид.

Пријавувањето се врши со потполнување на формуларот на следниот линк:

Ги очекуваме вашите пријави!


ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС!