На 26-ти август 2015, со почеток од 13.00 часот во хотел Кратис ќе се оддржи завршниот настан на РРОМА во рамките на проектот за младинско претприемништво.
Проектните активности беа насочени кон откривање на меѓусебниот однос на претприемништвото и активното граѓанство со фокус врз младата ромска популација од 5 општини (Кратово, Крива Паланка, Берово, Виница и Кочани) и истражуваа до која мера вработувањето/невработеноста кај младата ромска популација влијае врз нивната мотивација за учество во општеството, како и дали дискриминацијата влијае врз развојот на претприемништвото меѓу оваа популација. Проектот е финансиран со фондови од Европската Унија, преку проектот „Мрежа за поддршка на млади претприемачи“.
Поканата и агендата за настанот на РРОМА можат да се најдат тука.
Ве очекуваме!