Во рамките на проектот „Креативноста како алатка за младинско зајакнување“, чиј што домаќин беше Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово, во соработка со Амаро Форо од Берлин се оддржа акција за одбележување на меѓународниот ден на младите* во Охрид.
Во акцијата зедоа учество 41 млади луѓе од 12 европски земји (Македонија, Германија, Италија, Летонија, Литванија, Естонија, Чешка, Полска, Романија, Турција, Хрватска и Австрија), кои што се дел од проектот.
Креативноста на младите, кои се поделија во повеќе групи можеше да се забележи низ улиците на Охрид. РРОМА е горда што можеше да го организира тренингот и соработува со толку прекрасни млади луѓе.