Не гледај од страна! Учествувај!

Saturday, August 1, 2015

Повик за учество на младински проект во Шпанија

РРОМА објавува повик за учесници на младински проект, кој што се оддржува во Шпанија од 17-ти до 25-ти август 2015 година. Проектот е поддржан од Ерасмус плус програмата. Се бараат 3 девојки, 3 машки и лидер на група!



Можат да учествуваат:
  • Активни млади Роми и не-Роми на возраст од 13 до 17 години
  • Да имаат желба да работат во мулти-култи групи
  • Да знаат англиски!
Исто така, се бара лидер на група, на возраст од 18 години, па нагоре!

Можете да се пријавете на проектот, најдоцна до Среда (5-ти август), пишувајќи свое мотивационо писмо на Реме Ортиз Бада на емаил: kaibass72@hotmail.com.

Станува збор за Role-playing (играње на улоги/симулација), каде што младите ќе треба да измислат своја цивилизација, култура, традиции, градови, стандарди, борат против стереотипи итн.

Проектот ќе се оддржува во Картама, Малага (Андалузија).

Организаторите нудат сместување, храна и поддршка за патните трошоци во износ од 270 евра.

За било какви прашања, можете да пишете на Реме Ортиз Бада на емаил: kaibass72@hotmail.com.