Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на интернационалниот семинар “ Lets
Break the Barriers Together” кој што ќе се оддржува во Поградец (Албанија) од 17-ти до 25-ти Април 2014 година. Семинарот е наменет за млади луѓе од 18 до 31 година, Роми и не-Роми и има за цел да ги спои младите Роми и не-Роми од Албанија, Македонија, Италија, Романија, Бугарија, Полска, Србија, Босна и Херцеговина и Турција за да ги кршат бариерите заедно. Исто така, семинарот има за цел:
• да разменува искуства за состојбата на Ромите низ различните европски земји
• да им даде можност на младите да го дигнат својот глас и да ја кажат реалната состојба во која тие се наоѓаат
• едуцирање на своите врсници и уривање на митовите за Ромската заедница
• да се зајакне дијалогот помеѓу младите Роми и не-Роми






