Не гледај од страна! Учествувај!

Sunday, July 10, 2016

ПОВИК ЗА МЛАДИНСКАТА РАЗМЕНА “ReCreative use of waste” – Романија

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на младинската размена ReCreative use of waste која што  се оддржува од 4-ти до 14-ти август 2016 година во младинскиот камп Марабу, Милчовени, Романија.

Се оддржа работен состанок за формирање на коалиција во рамките на проектот поддржан од Европската комисија „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“

На 07-ми и 08-ми јули во хотел Центар во Скопје се оддржа работен состанок за формирање на коалиција во рамките на проектот поддржан од Европската комисија „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“. 

Saturday, June 18, 2016

Заврши младинската размена Zor Romani

Млади од шест Европски држави (Полска, Бугарија, Албанија, Македонија, Италија и Шпанија) присуствуваа на младинската размена која се случуваше од 8-ми до 13-ти јуни во Барселона. Младинската размена обедини повеќе од 26 учесници со различни културолошки идеологии и погледи кон светот. 

Wednesday, June 8, 2016

Повик за учество на меѓународна обука "EUROMED Express"16:Social Entrepreneurship and Culture of Peace"

РРОМА распишува повик за учество на меѓународна обука, која што се оддржува во Турција со поддршка на Ерасмус плус програмата.
Обуката има за цел да помогне во создавањето на нова генерација на младински работници, кои што како активни граѓани ќе придонесуваат за оддржлив развој на своите заедници и да постигнуваат конкретни ефекти помагајќи ја транзицијата во Евро-медитеранските земји.
На обуката учество ќе земат млади од 13 земји. За повеќе информации, прочитајте го пакетот со информации.

Friday, June 3, 2016

Повик за учество на обуката YEAP-Youth empowerment, action and participation!

РРОМА распишува повик за учество на меѓународна обука, која што се оддржува во Р.Македонија со поддршка на Ерасмус плус програмата.
Обуката има за цел преку употребата на неформално образование да ги информира младите за процесите на демократија, почитување на човековите права, правото на информирање и пристап до информации од јавен карактер, правото на глас и избор, како и за нивните права како граѓани на своите општини. Учесниците на обуката ќе креираат свои планови за акција, кои што по завршувањето на обуката ќе можат да ги реализираат во своите општини.
Исто така, обуката ќе овозможи простор за дружба со учесници од Германија, Чешка, Италија, Литванија, Летонија, Турција, Австрија и Бугарија! 

Monday, May 16, 2016

Се одржа работилница на тема „Антициганизам и Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна“

Денес, 16-ти мај во хотел Кратис-Кратово, Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација одржа работилница по повод 16-ти мај 1944, денот на Ромското востание. На работилницата учество зедоа млади Роми, волонтери на здружението и учесници од претходни активности на РРОМА.

Thursday, May 5, 2016

Бидете дел од квизот!!!

РРОМА ви овозможува да го тестирате своето познавање и научите повеќе историски факти за Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна, а притоа да добиете некои од ексклузивните награди!!!
За да учествувате треба да го решите тестот:

  1. Кликнете на тестот!
  2. Пишете ја вашата е-маил адреса во полето одредено за тоа!
  3. Решите го тестот!
  4. Добијте некои од ексклузивните награди!
  5. Најдобрите и најбрзите ќе бидат поканети на работилницата „Антициганизмот и Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна“ која што се оддржува на 16-ти мај 2016 година во Кратово!
  6. Секој учесник има право на едно пријавување!
Квизот ќе биде достапен до 11-ти мај 2016 година!!!