Не гледај од страна! Учествувај!

Friday, September 23, 2016

ПОВИК ЗА ВТОРАТА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА “YEA - Youth Employment Action” – Романија

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на младинската размена „YEA - Youth Employment Action“ која што ќе се оддржува од 23 октомври до 01 ноември 2016 година во младинскиот камп Марабу, Милковени-Романија.
Размената се оддржува со поддршка на Ерасмус плус програмата и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ.

Tuesday, September 20, 2016

Се оддржа втор работен состанок за формирање на коалиција во рамките на проектот поддржан од Европската комисија „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“

Од 02 до 04 септември 2016 година во хотел Кратис во Кратово се оддржа вториот работен состанок за формирање на коалиција во рамките на проектот поддржан од Европската комисија „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“.

Saturday, September 10, 2016

Повик за учество на завршната конференција од ИЛТА проектот во Злин

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово објавува повик за учесници на завршната конференција во Злин, дел од стратегиското партнерство на РРОМА во рамките на проектот „ИЛТА-Иновативни слободни активности за млади“ поддржан од Еразмус плус програмата.

Wednesday, September 7, 2016

Започна реализацијата на проектот "YEA - Youth Employment Action! Младинска акција за вработување!"

РРОМА започна со реализација на проектот „YEA - Youth Employment Action“ со поддршка на Ерасмус плус програмата и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ.

Започна реализацијата на проектот "YEA - Youth Employment Action! Младинска акција за вработување!"

РРОМА започна со реализација на проектот „YEA - Youth Employment Action“ со поддршка на Ерасмус плус програмата и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ.

Thursday, August 18, 2016

Младинска размена “Talentube” - Малага 2016

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на младинската размена „Talentube“ која што се оддржува од 26 септември до 02 октомври 2016 година во Малага, Шпанија.

Tuesday, August 16, 2016

Повик за учество на обуката во рамките на проектот „YEA - Youth Employment Action“

РРОМА објавува повик за учество на меѓународната обука, која што се оддржува во рамките на проектот „YEA - Youth Employment Action“ со поддршка на Ерасмус плус програмата и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ.
Целта на проектот е проблемот со младинското вработување да го адресира од двете страни истовремено, имено:
- институционалната страна: за да го подобри искуството и знаењето на младинските работници, социјални работници и друг вид на работници кои што работат со млади во областа на вработувањето и кариерното советување;
- корисничката страна: да даде можност на младите да откријат што значи да имаат одредена кариера, да им помогне при нивниот избор на рана возраст (14-19 години), и истовремено да им помогне при интервјуата за да можат да ги прикажат своите компетенции во најдобро светло (20-30 години).
Проектот опфаќа повеќе активности, меѓу кои една обука во Македонија и две младински размени во Романија и посета на кариерни центри и институции како добри практики во областа на младинското вработување.

Исто така, преку проектот ќе се гради доверба, меѓусебен дијалог и почит на младите од 10 европски земји (Македонија, Германија, Турција, Романија, Шпанија, Италија, Франција, Чешка, Унгарија и Бугарија).