Не гледај од страна! Учествувај!

Tuesday, November 18, 2014

Семинар во Берлин-Roma Genocide Remembrance Initiative

Се организира семинар во Берлин поврзан со темата на Ромскиот геноцид за време на втората светска војна. Повеќе информации има подолу. Заинтересираните треба да испратат е-маил и мотивационо писмо на info@rromassn.org, најдоцна до: 21.11.2014 година, 16.30 часот!!!

Monday, November 3, 2014

Заврши младинската размена „Инспирирај ја креативноста кај младите“!

Од 22-ри до 31-ви Октомври 2014 година во Кратово се реализираше  младинската размена „Инспирирај ја креативноста кај младите“ финансирана од програмата ЕРАЗМУС+ од Европската Комисија во соработка со Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност од Скопје. Во размената учество  зедоа 33 младинци од Македонија, Бугарија, Турција, Романија, Хрватска и Германија.

Monday, October 20, 2014

Повик за учество на младински проект во Германија

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација - РРОМА објавува повик за учесници на младински проект во Манхајм, Германија. Проектот има за цел на креативен начин да ги запознае учесниците со ужасите на втората светска војна, со посебен акцент на Ромскиот геноцид преку  употребата на новите социјални медиуми, цртање на стрипови, како и посета на КЛ „Некарлец“ и центарот за документација и култура на германските Синти и Роми во Хајделберг.


Monday, September 8, 2014

Повик за учесници на младинска размена "Inspire Youth Creativity"

РРОМА распишува повик за учество на младинска размена, која што се оддржува во Р.Македонија со поддршка на Ерасмус плус програмата и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ.


Целта на младинската размена е преку креативен хаос да се адресираат проблемите на младите, да се покаже доверба, меѓусебен дијалог и почит на младите од 7 земји (Македонија, Бугарија, Хрватска, Германија, Турција, Романија и Италија).

Tuesday, September 2, 2014

Повик за учество на интернационалната младинска конференција на тема Анти-циганизам!

Романо Центро од Австрија, заедно со РРОМА и партнерите од Албанија, Бугарија, Германија, Полска, Романија, Србија, Унгарија, Чешка и Шпанија ја организираат младинската конференција на тема анти-циганизам од 10ти до 16ти Ноември во Виена, Австрија.

Thursday, July 3, 2014

Повик за учество на комеморацијата на Ромскиот геноцид!

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на комеморацијата по повод 70-години од Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна, како и посета на КЛ „Аушвиц“ и учество на интернационалната младинска конференција на ternYpe-international Roma youth network во Краков, Полска.

Повик за учество на младински проект во Полска

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за своите членови за учество на младинскиот проектот „Thaj amen sijam sar tumen“. Проектот има за цел на креативен начин да ги запознае учесниците со ужасите на втората светска војна, со посебен акцент на Ромскиот геноцид преку  употребата на новите социјални медиуми, цртање на стрипови, како и посета на КЛ „Аушвиц“ и учество на интернационалната младинска конференција на ternYpe-international Roma youth network во Краков, Полска.