РРОМА со двајца свои претставници учествуваше на Ромската младинска конференција која што се оддржа во Европскиот младински центар во Будимпешта од 18-ти до 22-ри октомври 2015 година. Претставникот на РРОМА, Мустафа Јакупов беше дел од групата која што ја подготви декларацијата. Содржината на декларацијата ви ја пренесуваме во целост:
skip to main |
skip to sidebar
Во акцијата зедоа учество 41 млади луѓе од 12 европски земји (Македонија, Германија, Италија, Летонија, Литванија, Естонија, Чешка, Полска, Романија, Турција, Хрватска и Австрија), кои што се дел од проектот.
Wednesday, November 18, 2015
Tuesday, October 27, 2015
Повик за учесници на младинска размена "Telo jek Kham! - Under the same sun!"
РРОМА распишува повик за учество на младинска размена, која што се оддржува во Р.Македонија со поддршка на Ерасмус плус програмата и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ.
Целта на младинската размена е преку употребата на креативни методи и алатки да се добијат повеќе информации за Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна и сето тоа да се претстави низ очите на младите учесници на 10-ти декември, меѓународниот ден на човековите права.
Исто така, преку креативен хаос да се покаже доверба, меѓусебен дијалог и почит на младите од 6 земји (Македонија, Германија, Турција, Романија, Шпанија и Италија).
Исто така, преку креативен хаос да се покаже доверба, меѓусебен дијалог и почит на младите од 6 земји (Македонија, Германија, Турција, Романија, Шпанија и Италија).
Sunday, October 4, 2015
Заврши ИЛТА средбата во Македонија!
Од 25-ти до 30-ти септември во Скопје се оддржа работната средба во рамките на проектот „ИЛТА за млади“. На средбата учествуваа партнерите од Македонија, Чешка, Турција, Романија и Франција.
Thursday, August 27, 2015
Оддржана презентација на резултатите од проектот за младинско претприемништво
На 26-ти август 2015 година во просториите на хотел Кратис, Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација оддржа настан за презентирање на постигнатите резултати од проектот „Меѓусебниот однос помеѓу правата на малцинствата и претприемништвото кај младата Ромска популација и неговото влијание врз активното граѓанство“.
Thursday, August 20, 2015
Завршен настан во рамките на проектот за младинско претприемништво
На 26-ти август 2015, со почеток од 13.00 часот во хотел Кратис ќе се оддржи завршниот настан на РРОМА во рамките на проектот за младинско претприемништво.
Проектните активности беа насочени кон откривање на меѓусебниот однос на претприемништвото и активното граѓанство со фокус врз младата ромска популација од 5 општини (Кратово, Крива Паланка, Берово, Виница и Кочани) и истражуваа до која мера вработувањето/невработеноста кај младата ромска популација влијае врз нивната мотивација за учество во општеството, како и дали дискриминацијата влијае врз развојот на претприемништвото меѓу оваа популација. Проектот е финансиран со фондови од Европската Унија, преку проектот „Мрежа за поддршка на млади претприемачи“.
Поканата и агендата за настанот на РРОМА можат да се најдат тука.
Ве очекуваме!
Saturday, August 15, 2015
Одбележен меѓународниот ден на младите
Во рамките на проектот „Креативноста како алатка за младинско зајакнување“, чиј што домаќин беше Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово, во соработка со Амаро Форо од Берлин се оддржа акција за одбележување на меѓународниот ден на младите* во Охрид.
Во акцијата зедоа учество 41 млади луѓе од 12 европски земји (Македонија, Германија, Италија, Летонија, Литванија, Естонија, Чешка, Полска, Романија, Турција, Хрватска и Австрија), кои што се дел од проектот.
Креативноста на младите, кои се поделија во повеќе групи можеше да се забележи низ улиците на Охрид. РРОМА е горда што можеше да го организира тренингот и соработува со толку прекрасни млади луѓе.
*На 17 декември 1999 година во Обединетите нации беше прифатена Резолуцијата 54/120 која ги кодифицира сите поврзани меѓународни документи за активно вклучување на младите во политиките што директно влијаат на нивниот личен и општествен развој. Препознавајќи ја улогата на младите луѓе во подобрување на човековите права и слободи, ОН го прогласи 12 август за Меѓународен ден на младите.
Saturday, August 1, 2015
Повик за учество на младински проект во Шпанија
РРОМА објавува повик за учесници на младински проект, кој што се оддржува во Шпанија од 17-ти до 25-ти август 2015 година. Проектот е поддржан од Ерасмус плус програмата. Се бараат 3 девојки, 3 машки и лидер на група!





