Не гледај од страна! Учествувај!

Tuesday, November 18, 2014

Семинар во Берлин-Roma Genocide Remembrance Initiative

Се организира семинар во Берлин поврзан со темата на Ромскиот геноцид за време на втората светска војна. Повеќе информации има подолу. Заинтересираните треба да испратат е-маил и мотивационо писмо на info@rromassn.org, најдоцна до: 21.11.2014 година, 16.30 часот!!!

Monday, November 3, 2014

Заврши младинската размена „Инспирирај ја креативноста кај младите“!

Од 22-ри до 31-ви Октомври 2014 година во Кратово се реализираше  младинската размена „Инспирирај ја креативноста кај младите“ финансирана од програмата ЕРАЗМУС+ од Европската Комисија во соработка со Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност од Скопје. Во размената учество  зедоа 33 младинци од Македонија, Бугарија, Турција, Романија, Хрватска и Германија.

Monday, October 20, 2014

Повик за учество на младински проект во Германија

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација - РРОМА објавува повик за учесници на младински проект во Манхајм, Германија. Проектот има за цел на креативен начин да ги запознае учесниците со ужасите на втората светска војна, со посебен акцент на Ромскиот геноцид преку  употребата на новите социјални медиуми, цртање на стрипови, како и посета на КЛ „Некарлец“ и центарот за документација и култура на германските Синти и Роми во Хајделберг.


Monday, September 8, 2014

Повик за учесници на младинска размена "Inspire Youth Creativity"

РРОМА распишува повик за учество на младинска размена, која што се оддржува во Р.Македонија со поддршка на Ерасмус плус програмата и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ.


Целта на младинската размена е преку креативен хаос да се адресираат проблемите на младите, да се покаже доверба, меѓусебен дијалог и почит на младите од 7 земји (Македонија, Бугарија, Хрватска, Германија, Турција, Романија и Италија).

Tuesday, September 2, 2014

Повик за учество на интернационалната младинска конференција на тема Анти-циганизам!

Романо Центро од Австрија, заедно со РРОМА и партнерите од Албанија, Бугарија, Германија, Полска, Романија, Србија, Унгарија, Чешка и Шпанија ја организираат младинската конференција на тема анти-циганизам од 10ти до 16ти Ноември во Виена, Австрија.

Thursday, July 3, 2014

Повик за учество на комеморацијата на Ромскиот геноцид!

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на комеморацијата по повод 70-години од Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна, како и посета на КЛ „Аушвиц“ и учество на интернационалната младинска конференција на ternYpe-international Roma youth network во Краков, Полска.

Повик за учество на младински проект во Полска

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за своите членови за учество на младинскиот проектот „Thaj amen sijam sar tumen“. Проектот има за цел на креативен начин да ги запознае учесниците со ужасите на втората светска војна, со посебен акцент на Ромскиот геноцид преку  употребата на новите социјални медиуми, цртање на стрипови, како и посета на КЛ „Аушвиц“ и учество на интернационалната младинска конференција на ternYpe-international Roma youth network во Краков, Полска.

Tuesday, June 10, 2014

Повик за учество семинар во Босна и Херцеговина!

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на интернационалниот семинар кој што се оддржува во Сребреница за време на маршот на мирот од 9-ти Јули до 12-ти Јули 2014 година. Семинарот има за цел да врши едукација на учесниците во областа на човековите права и  да ги запознае учесниците со ужасите на модерните геноциди, со посебен акцент на геноцидот во Сребреница.


Tuesday, May 20, 2014

16-th of may 1944-Romani Resistance day!


"The Nazi intended to exterminate the Roma completely as early as May 1944. On May 15, Gypsy Camp director SS Georg Bonigut ordered the inmates to stay in their barracks. The next day, 50 to 60 SS men surrounded the camp. They attempted to force the prisoners out of the barracks, but failed to do so. 

The 16th of May 1944, Men, Women and Children of the Gypsy camp of Auschwitz-Birkenau, warned by the internal Resistance Network of the camp, got organized in order to fight off SS guards who came the same night to lead them to the Gas Chambers. Fearing casualties, the Nazi withdrew in front of the rebellion of Roma man, woman and children.


There were significant numbers of Wehrmacht veterans among the prisoners. The Nazi also feared that a mutiny could spread to other parts of the camp. On May 23, over 1,500 Roma were transferred from Birkenau to Auschwitz, from where they were subsequently transferred to Buchenwald. Two days later, 82 Roma were shipped to the Flossenburg camp and 144 Roma women to Ravensbrueck. Fewer than 3,000 people remained in the Family Camp. The extermination of the Roma in Auschwitz-Birkenau occurred on the night of August 2/3, 1944. Despite resistance by the Roma, 2,897 men, women, and children were loaded on trucks, taken to gas chamber V, and exterminated."

On the 15-th and 16-th of May 2014, Roma from all over the world participated in raising awareness and commemorating this important day for Roma. Both off-line and on-line were made visible through the hastags such as #RomaniResistance #16may #OpreRoma #dignity etc.

RROMA participated in the online actions with its FB covers and profile pictures below: 









Thursday, May 8, 2014

Повик за учество на стрип работилница 2014


Во рамките на кампањата „Сидата не знае да дискриминира ... Заштити се!“ финансирана од MTV Staying Alive Foundation, Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува Повик за учество на стрип работилница

Friday, April 18, 2014

Реакција за инцидентот на граничниот премин Св.Наум (17.04.2014)

Почитувани,

Млади во Акција е програма во која што една од целите е мобилноста на младите низ Европа и пошироко. Оваа година започна новата програма Ерасмус плус и таа го има истото за цел, но за жал мобилноста ја нема кога станува збор за младите Роми и нивното учество на овие програми. Особено, ако се земе во предвид фактот, што РРОМА беше контакт точка на националната агенција за европски образовни програми и мобилност за промовирање на програмата Млади во Акција!

Вчера, на 17.04.2014 година на граничниот премин Св.Наум на 3 девојки, членови на РРОМА не им беше дозволено да ја преминат македонската граница и да заминат на семинар во Албанија, кој што е поддржан од програмата Млади во Акција, на Европската комисија.

Тврдејќи дека биле „сомнителни“ поради годините, службите на граничниот премин не им дозволиле да поминат. И покрај документацијата на РРОМА, службите побарале „поцврсти“ докази за тоа што ќе правеле 3 млади Ромки во Албанија.

Откако, РРОМА и партнерот Рома Актив Албанија реагираа и се јавуваа цело време на службите, доставувајќи дополнителни информации, по скоро 6 саати поминати на граничниот премин, гладни и уморни им беше дозволено да ја преминат границата.

РРОМА е шокирана од овој случај, бидејќи целиот процес на проценка на службите се базира на предрасуда спрема младите девојки, членови на РРОМА.

Ние, како здружение не сме против законите на државата во која што живееме и работиме, но сме против предрасудите и несоодветниот третман спрема младата Ромска популација. 

Ние работиме со младите на активно граѓанство, ги учиме да ги почитуваат законите во државата, да имаат високи морални вредности, да учествуваат активно во општествените процеси, и да допринесуваат за развојот на Република Македонија. Но, сега одеднаш тие млади активни граѓани не можат да ја напуштат државата и отидат на семинар во Албанија од програмата Млади во Акција само поради некоја си предрасуда!

РРОМА апелира до надлежните служби да не работат само со една целна група на граѓани, туку активно да работат и посветуваат внимание на своите службеници за да можат да реагираат соодветно, базирајќи се на законите кои што важат за Република Македонија, а не законите на предрасудите и стереотипите спрема Ромската заедница!

Искрено, се надеваме дека нема да има репетиција на ваквите случаеви и младите Роми ќе можат слободно да учествуваат на ваквите програми. Овие програми не промовираат само мобилност, туку и активно граѓанство, од кои што можеме сите да имаме бенефит во Република Македонија!

Со почит,

Мустафа Јакупов
Извршен Директор на РРОМА


Tuesday, April 8, 2014

Започнува „8-ми април единствениот ден кога...“. Учествувај сега!

РРОМА ја стартува својата он-лајн кампања „8-ми април единствениот ден кога ...“. Кампањате има за цел преку сарказам, иронија и хумор да го прикаже општеството околу Ромите и реалноста со која се соочуваат секој ден.


Monday, March 31, 2014

"Bring the artistic action with you!"- Интернационална уметничка размена во Берлин за Едерлези 2014

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на своите членови на интернационалната уметничка размена „Bring the artistic action with you!“, која што ќе се оддржува во Берлин од 02-ри  до 12-ти Мај 2014 година.

Оваа меѓународна уметничка размена на млади создава неограничен простор на креативност за 50 млади Роми и не-Роми од 9 земји (Македонија, Албанија, Турција, Србија, Унгарија, Словачка, Чешка, Бугарија и Германија). Во текот на 11 дена, младите луѓе ќе се создадават своја приказна и визија врз основа на широк спектар на уметнички методи, вклучувајќи Импро-театар, маски, танц, ритам и музика.




Wednesday, March 26, 2014

Повик за интернационален семинар во Албанија!

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на интернационалниот семинар “ Lets Break the Barriers Together  кој што ќе се оддржува во Поградец (Албанија) од 17-ти до 25-ти Април 2014 година. Семинарот е наменет за млади луѓе од 18 до 31 година, Роми и не-Роми и има за цел да ги спои младите Роми и не-Роми од Албанија, Македонија, Италија, Романија, Бугарија, Полска, Србија, Босна и Херцеговина и Турција за да ги кршат бариерите заедно. Исто така, семинарот има за цел:


• да разменува искуства за состојбата на Ромите низ различните европски земји
• да им даде можност на младите да го дигнат својот глас и да ја кажат реалната состојба во која тие се наоѓаат
• едуцирање на своите врсници и уривање на митовите за Ромската заедница

• да се зајакне дијалогот помеѓу младите Роми и не-Роми