The project "Telo jek Kham-Unde the same sun" came to an end. This project brought together over 37 young people from 6 European countries to learn, discuss, share and present Human rights, as well to learn about the Roma genocide during WWII. The participants from Macedonia, Spain, Italy, Romania, Turkey and Germany had an opportunity to discuss Human rights, learn and feel discrimination, as well what does it mean to be privileged, also see a documentary about the Roma genocide during WWII and visit the Holocaust Memorial Centre in Skopje.
skip to main |
skip to sidebar
Во акцијата зедоа учество 41 млади луѓе од 12 европски земји (Македонија, Германија, Италија, Летонија, Литванија, Естонија, Чешка, Полска, Романија, Турција, Хрватска и Австрија), кои што се дел од проектот.
Tuesday, December 15, 2015
Young people from 6 European countries participated in the project "Telo jek Kham-Under the same sun"
Friday, December 4, 2015
Започнува младинската размена "Telo jek Kham - Under the same sun"
Од 4-ти до 12-ти декември, РРОМА е домаќин на меѓународната младинска размена со наслов "Telo jek Kham - Under the same sun" . Размената се оддржува во хотел Кратис, каде што околу 40-тина млади луѓе од 6 европски држави, меѓу кои Македонија, Италија,
Wednesday, November 18, 2015
Декларација на Ромската младинска конференција 2015
РРОМА со двајца свои претставници учествуваше на Ромската младинска конференција која што се оддржа во Европскиот младински центар во Будимпешта од 18-ти до 22-ри октомври 2015 година. Претставникот на РРОМА, Мустафа Јакупов беше дел од групата која што ја подготви декларацијата. Содржината на декларацијата ви ја пренесуваме во целост:
Tuesday, October 27, 2015
Повик за учесници на младинска размена "Telo jek Kham! - Under the same sun!"
РРОМА распишува повик за учество на младинска размена, која што се оддржува во Р.Македонија со поддршка на Ерасмус плус програмата и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ.
Целта на младинската размена е преку употребата на креативни методи и алатки да се добијат повеќе информации за Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна и сето тоа да се претстави низ очите на младите учесници на 10-ти декември, меѓународниот ден на човековите права.
Исто така, преку креативен хаос да се покаже доверба, меѓусебен дијалог и почит на младите од 6 земји (Македонија, Германија, Турција, Романија, Шпанија и Италија).
Исто така, преку креативен хаос да се покаже доверба, меѓусебен дијалог и почит на младите од 6 земји (Македонија, Германија, Турција, Романија, Шпанија и Италија).
Sunday, October 4, 2015
Заврши ИЛТА средбата во Македонија!
Од 25-ти до 30-ти септември во Скопје се оддржа работната средба во рамките на проектот „ИЛТА за млади“. На средбата учествуваа партнерите од Македонија, Чешка, Турција, Романија и Франција.
Thursday, August 27, 2015
Оддржана презентација на резултатите од проектот за младинско претприемништво
На 26-ти август 2015 година во просториите на хотел Кратис, Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација оддржа настан за презентирање на постигнатите резултати од проектот „Меѓусебниот однос помеѓу правата на малцинствата и претприемништвото кај младата Ромска популација и неговото влијание врз активното граѓанство“.
Thursday, August 20, 2015
Завршен настан во рамките на проектот за младинско претприемништво
На 26-ти август 2015, со почеток од 13.00 часот во хотел Кратис ќе се оддржи завршниот настан на РРОМА во рамките на проектот за младинско претприемништво.
Проектните активности беа насочени кон откривање на меѓусебниот однос на претприемништвото и активното граѓанство со фокус врз младата ромска популација од 5 општини (Кратово, Крива Паланка, Берово, Виница и Кочани) и истражуваа до која мера вработувањето/невработеноста кај младата ромска популација влијае врз нивната мотивација за учество во општеството, како и дали дискриминацијата влијае врз развојот на претприемништвото меѓу оваа популација. Проектот е финансиран со фондови од Европската Унија, преку проектот „Мрежа за поддршка на млади претприемачи“.
Поканата и агендата за настанот на РРОМА можат да се најдат тука.
Ве очекуваме!
Saturday, August 15, 2015
Одбележен меѓународниот ден на младите
Во рамките на проектот „Креативноста како алатка за младинско зајакнување“, чиј што домаќин беше Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово, во соработка со Амаро Форо од Берлин се оддржа акција за одбележување на меѓународниот ден на младите* во Охрид.
Во акцијата зедоа учество 41 млади луѓе од 12 европски земји (Македонија, Германија, Италија, Летонија, Литванија, Естонија, Чешка, Полска, Романија, Турција, Хрватска и Австрија), кои што се дел од проектот.
Креативноста на младите, кои се поделија во повеќе групи можеше да се забележи низ улиците на Охрид. РРОМА е горда што можеше да го организира тренингот и соработува со толку прекрасни млади луѓе.
*На 17 декември 1999 година во Обединетите нации беше прифатена Резолуцијата 54/120 која ги кодифицира сите поврзани меѓународни документи за активно вклучување на младите во политиките што директно влијаат на нивниот личен и општествен развој. Препознавајќи ја улогата на младите луѓе во подобрување на човековите права и слободи, ОН го прогласи 12 август за Меѓународен ден на младите.
Saturday, August 1, 2015
Повик за учество на младински проект во Шпанија
РРОМА објавува повик за учесници на младински проект, кој што се оддржува во Шпанија од 17-ти до 25-ти август 2015 година. Проектот е поддржан од Ерасмус плус програмата. Се бараат 3 девојки, 3 машки и лидер на група!
Friday, July 31, 2015
2-ри Август - сеќавање на Ромскиот геноцид!
Што е геноцидот врз Ромите?
Според Обединетите нации, терминот геноцид се однесува на "негирање на правото на постоење на цели човечки групи", крајната цел е целосно истребување на тие групи. Терминот геноцид врз Ромите, а потоа, и масовно истребување се однесува на Ромите и Синтите низ цела Европа, во рамките на нацистичкиот режим за време на Втората светска војна.
2 August – Roma Genocide Remembrance Day
What is the Roma Genocide?
According to the United Nations, the term genocide refers to “a denial of the right of existence of entire human groups“, aiming at complete extermination of such groups. The term Roma Genocide, then, refers to the mass extermination of Roma and Sinti throughout Europe which took place under the Nazi regime during World War II.
Monday, June 1, 2015
Објавена листа на добитници
РРОМА ја објави листата со имињата на лицата кои што добија награди учествувајќи во квизот за познавање на Ромскиот геноцид за врема на Втората светска војна.
Friday, May 29, 2015
Повик за млади Роми-истражувачи
Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација распишува повик за избор на млади Роми-истражувачи во рамките на проектот „Меѓусебниот однос помеѓу правата на малцинствата и претприемништвото кај младата Ромска популација и неговото влијание врз активното граѓанство“.
Започна реализацијата на новиот проект на РРОМА
Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација започна со своите активности во рамките на проектот „Меѓусебниот однос помеѓу правата на малцинствата и претприемништвото кај младата Ромска популација и неговото влијание врз активното граѓанство“, кои што ќе бидат реализирани до крајот на август 2015 година.
Активностите започнаа со реализирање на информативни средби помеѓу младите Роми, претставници од локалната самоуправа и РРОМА. Целта на средбите е запознавање на присутните со проектните активности, како и нивната имплементација.
Monday, May 25, 2015
Истражување за претприемништвото кај младата Ромска популација
„Меѓусебниот однос помеѓу правата на малцинствата и
претприемништвото кај младата Ромска популација и неговото влијание врз
активното граѓанство“ се вика проектот на Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово. Проектот е дел од проектот „Мрежа за поддршка на млади претприемачи“ финансиран
од Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија преку програмата ИПА
- Инструмент за граѓанско општество (CSF) 2012-2013 и се имплементира од страна
на Фондација за Претприемачки Сервис за Млади, Фондација за Менаџмент и
индустриско истражување, Националниот центар за развој на иновациите и
претприемачкото учење, Здружение на работодавачи Скопје и Алијанса на млади
претприемачи од Европската Унија. Целта на проектот е јакнење на капацитетите на
граѓанските организации кои работат на социо-економско јакнење на младите
заради зголемување на нивното влијание врз политиките и програмите за
поттикнување на младинско претприемништво.
Friday, May 22, 2015
Тестирајте го своето знаење!!!
РРОМА ви овозможува да го тестирате своето основно знаење за Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна, а притоа да добиете некои од ексклузивните награди!!!
За да учествувате треба да го решите тестот:
ТЕСТ
1. Кликнете на тестот!
2. Пишете ја вашата е-маил адреса во полето одредено за тоа!
3. Решите го тестот!
4. Добијте некои од ексклузивните награди од нашите колеги од La voix des Roms Париз, т.е. промотивни материјали користени за 16-ти мај 2015 година!
Сите учесници ќе добијат награди, а за најдобрите има „посебен“ пакет на награди!!!
Квизот ќе биде достапен до 01-ви јуни 2015 година!!!
За да учествувате треба да го решите тестот:
ТЕСТ
1. Кликнете на тестот!
2. Пишете ја вашата е-маил адреса во полето одредено за тоа!
3. Решите го тестот!
4. Добијте некои од ексклузивните награди од нашите колеги од La voix des Roms Париз, т.е. промотивни материјали користени за 16-ти мај 2015 година!
Сите учесници ќе добијат награди, а за најдобрите има „посебен“ пакет на награди!!!
Квизот ќе биде достапен до 01-ви јуни 2015 година!!!
Thursday, May 21, 2015
Еразмус+ тренинг за младинско претприемништво 02-09/05/2015-Сирт,Турција
Тренингот Маке your way се одржа од 02-ри до 09-ти мај во Сирт-Турција. Тренер беше Матеј
Шишмановиќ. На семинарот учество зедоа вкупно 6 земји; Македонија, Турција,
Полска, Романија, Бугарија и Хрватска.
Импресии од Хедрлези фестивалот
Триесет млади Роми и не- роми од Македонија, Италија, Бугарија,Германија и Турција присуствуваа на овогодинешната седма по ред интернационална младинска размена која што се случи во Берлин, Германија. Овогодинешната младинска размена имаше за цел преку интеркултурни активности да ги обедини младите за подобрување на заедничкиот дијалог и меѓусебната надворешна соработка, како и традиционално да се одбележи фестивалот Хедерлези ( Ѓурѓовден ). Главната цел на интернационалната размена беше да се запознаат младите и младинските организации кои работат на полето на расизмот и дискриминацијата со културата и традицијата на Ромите.
Wednesday, April 29, 2015
Годишно собрание на РРОМА
На 29.04.2015 во просториите на РЦОР се одржа годишното собрание на РРОМА. Состанокот се одржуваше по следниот дневен ред:
- Предлог извештај за работата за 2014година;
- Предлог завршна сметка за 2014 година;
- Предлог програма за работа за 2015 година и
- Тековни прашања.
Thursday, April 9, 2015
Натпревар во преведување на Ромски јазик
Романо Центро (Австрија) објавува натпревар во преведување на Ромски јазик. Учество можат да земаат сите оние кои што активно го познаваат германскиот и Ромскиот јазик.
Се што треба да направете е да го преведете следниот текст од германски на Ромски јазик.
Преводот на Ромски јазик да го испратите на е-маил:
ferdinand.koller@romano-centro.org
Краен рок за испраќање е 04-ти мај 2015!!!
Сите преводи ќе ги разгледа стручна комисија, која што потоа ќе доделува награди за:
I место - 300 евра
II место - 200 евра
III место - 100 евра
Подетално информации околу повикот имате на линкот
Thursday, February 26, 2015
Youth in Action!- Интернационална размена во Берлин за Едерлези 2015
Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на своите членови на интернационалната размена „Youth in Action!“, која што ќе се оддржува во Берлин од 01-ви до 11-ти Мај 2015 година.
Wednesday, February 25, 2015
Roma Genocide Remembrance Initiative-Brussels
On March 14 to 17 ternYpe gathers in Brussels 35 young Roma activists and partner representatives in order to advocate for wider recognition of the Roma genocide, as well as to present the practices and conclusions of the Roma Genocide Remembrance Initiative to the European Parliament, European Commission and international stakeholders. Join us to raise the Roma youth voice in the debate on the recognition, education and remembrance of the Roma Genocide in Europe!
Monday, January 26, 2015
ALL VICTIMS OF HOLOCAUST DESERVE DIGNITY
This year marks the 70th anniversary of the liberation of Auschwitz on 27 January 1945, closely following the liquidation of the “Zigeunerlager” (“Gypsy-Camp”) on 2 August 1944, when 2,897 elderly people, women and children, all of them the remaining Sinti and Roma in the so-called “Gypsy-Camp” at Auschwitz-Birkenau, were murdered in the gas chambers there. This was the climax of the Final Solution of the Gypsy Question. The Nazis intended to exterminate the Roma completely. Those lessons from the Holocaust have not been fully transposed into the general knowledge of the people in our societies.
Monday, January 19, 2015
Transforming the iceberg - Theory and practice of Intercultural Dialogue - Seminar 13-22 March 2015 Armenia
РРОМА објавува повик за учесници на семинар, кој што се оддржува во Ерменија од 13-ти до 22-ри март 2015 година. Проектот е поддржан од Ерасмус плус програмата во партнерство со International Center for Intercultural Research, Learning and Dialogue (ICIRLD).